Вести: Дибиров МВП, враќање на Смитс...

Селекторот на македонските јуниори, Раде Стојановиќ ќе се надмудрува со нов соперник летово на М20 ЕХФ Еуро во Словенија. Проивникот во групата, репрезентацијата на Хрватска го смени селекторот. Поради клупски обврски Крешо Иванковиќ кој го водеше нивниот тим последниве три години заминува од клупата, а нов селектор е Борис Дворшек. 

Поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров е МВП на Хрватскиот Куп во кој Загреб ја продолжи доминацијата и остана единствен досега освојувач на овој пехар. Во финалето, Загреб беше подобар од екипата на Сесвете. 

Холандскиот десен бек Кај Смитс доби зелено светсло од докторите да се приклучи на тренинзите на неговиот клуб Флензбург. Смитс беше со месеци отсутен поради срцеви проблеми. 

ПСЖ загуби домашен меч во првенството на Франција по цели три години. Екипата на Нимс го совлада составот на Раул со 33-32 и сега разликата меѓу ПСЖ на првото и Нант на второто место на табелата е само еден бод. До крајот има уште две кола. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk