Ѓ. Петров е победник на Куп на Македонија

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија во женска конкуренција, откако во финалето славеше против ЖРК Чаир со 36-24 (19-14).
Конечниот резултат можеби не сугерира, но се водеше израмнета битка во голем дел од првото полувреме. Израмнето беше се до резултар 13-12, а потоа со серија од 6-2, ѓорчепетровки стгинаа до 19-14 и во вториот дел комплетно доминираше составот Ѓ. Петров ЖРК.
МВП признанието и припадна на Марија Јанкуловска од екипата на ЖРК Ѓорче Петров.
Ленора Рахмани од ЖРК Чаир е најдобар стрелец, додека Магдалена Којовиќ исто од ЖРК Чаир е прогласена најдобра голманка.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk