Пеналите пак кобни за Келце!

foto: FB/SPR Wisla Plock

Почна финалната разврска во Полска. Висла Плоцк екипа чиј буџет постојано расте и секоја година има сѐ посилен тим, никако не успева да го симне од тронот тимот на Талант, Келце.
Келце, годинава на пенали беше елиминиран во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, а седмереците беа кобни за нив и денеска.

Денеска се одигра првиот меч од финалето на полскиот Плејоф, дуел што се играше во Плоцк. 

Полските медиуми овие дуели ги нарекуваат „света војна“, а битката се водеше до последните секунди. Висла водеше на полувреме со гол разлика, но во 55 минута беше 20-19 за Келце. 
Две минути подоцна 21-21, a следните два гола паднаа во последната минута, по еден на секоја страна за 22-22 и тоа беше конечен резултат. 
По ова победа да се радуваше Висла со вкупи 2-1 на пенали и една победа ја дели оваа екипа од долгоочекуваниот шампионски пехар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk