НОСТАЛГИЈА: Шампионскиот пехар на Кометал ЃП слави 22 години

Беа тоа некои други, поинакви времиња, во дел слични, во многу нешта различни од денешниве. Македонија како релативно нова држава на светската карта бараше брза промоција и на спортски план, а женскиот ракомет беше доста ефикасен начен да се постигне таа цела.
Паралелно, во скопско „Кале“  кое зима беше фрижидер, а преку лето фурна, се калеа новите идоли и херои на македонскиот спорт. 

По неколку неуспешни обиди и едно изгубено финале, конечно во 2022 Кометал Ѓ. Петров ја доведе решавачката битка за шампионски пехар во „Кале“.  А таму, Кометал Ѓ. Петров не губеше - тоа го знаеја сите. Само два тима до тој момент имаа земено бодови од Скопје и тоа беше нешто што медиумски го повторувавме од година во година. 

Двата гола предност што Херц Ференцварош ги донесе со себе од Будимпешта брзо се стопија во скопскиот вулкан, а потоа целиот вложен труд низ годините ја доби наградата. Конечни 26-22 за прва шампионска титула во ракометна Македонија. Историјата беше напишана. 
Времињата се сега некои други, во дел слични, во многу нешта различни. Кометал Ѓ. Петров е заминат во историјата, останува единствено на 19 мај да споменеме како беше во таа 2002 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk