Обединети пехарите: Алкалоид стана и кадетски шампион

Младите категории на ракометарите од Автокоманда доминираат во македонските шампионати годинава. Прв пат тројна круна во „Автокоманда“, што секако е показател кој е колкективот кој најмногу внимание посветува на работата со младинските категории.



Алкалоид вечерва стана кадетски шампион на Македонија и им се приклучи на Алкалоид пионери и на Мулти Есенс младинци кои исто така станаа шампиони во своите возрасни категории. 



Денеска се играше Фајналфор турнир во Автокоманда. Алкалоид со 26-15 го совлада тимот на Струга и во финалето се сретна со екипата на Е. Пелистер 2 која минимално беше подобра од велешкиот Бисинов. 

Финалето резултатски беше неизвесно само на стартот (5-5), а потоа со серија од 7-1, Алкалоид дојде до плус шест. На полувреме беше 18-9 за скопскиот состав чија одбрана функционирапе беспрекорно и беше двигател на настаните на теренот. 
Ништо не се смени посебно во вториот дел, Алкалоид доминираше и на крајот победи со 31-22.

Третото место го освои Струга која го совлада Бисинов со 35-33. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk