Тоа е чистка: Довидување за 12 играчи

Универзитет Крајова, женска екипа од шампионатот на Романија која има буџет од нешто помалку од 2.000.000 евра првенството го заврши на шестото место со заостанување од цели 38 бода зад шампионот ЧСМ. 
По завршувањето на сезоната се подвлече линија и екипата се поздрави со 12 ракометарки од актуелниот состав!

Од редовите на Крајова заминаа: Кристина Замфир, Катарина Крпеж, Бјанка Курмент, Патриција Гету, Бојана Милиќ, Ѓурѓина Маловиќ, Александра Колак, Даниса Валчан, Дејана Милосављевиќ, Адина Каке, Стефанија Јипа и Критина Решетар.

Нови имиња засега се Жељка Николиќ и Камила Мицијевиќ, а од тие што остануваат во клубот ќе ги издвоиме Паула Зогби, Дијана Мугоша, Катарина Бојичиќ... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk