Според информациите до кои дојде ракометниот портал G-SPORT.MK, сериозна е опцијата машката репрезентација на Македонија да не биде сместена во група од страна на организаторот на мундијалот.
Сѐ уште не е комплетно стишана еуфоријата по победата над Фарски острови, 60 минути во Скопје со кои беше вратената верба и самодоверба во машката репрезентација и беа отворените врати кон мундијалот 2025.
Светското првенство ќе се игра во јануари во Хрватска, Данска и Норвешка. Четири групи во Хрватска, по две во Данска и Норвешка. Патем, организаторот може во секоја група да сметсти по една репрезентација, вклучително својата.
Македонија има добро искуство со гостувањата во Хрватска. Беше вистинска еуфорија во 2009 и малку помалку еуфорично во 2018. но и на двата настана имаше завиден број на македонски навивачи во Загреб и Вараждин и црвено-жолтата боја беше едно од одбележјата на тие првенства.
Тоа ни дава право да се надеваме, а и да бараме од ХРС со кого патем односите сметаме дека се на високо ниво, имајќи ги предвид и бројот на наши навивачи и задничките проекти од типот СЕХА и воопшто пријателските односи и сега и низ годините, ХРС да ја смести Македонија во една од групите што ќе се игра кај нив.
Последните официјално непотврдени информации до кои дојде G-SPORT.MK велат нешто друго. Според тоа што го слушаме од неколку страни, Хрватска ќе биде во Загреб, Словенија ќе игра во Загреб, Унгарија ќе биде сместена во Вараждин, а во градот Пореч ќе биде сместена репрезентацијата на Австрија.
Одлуката не е сѐ уште официјално донесена или потврдена и можно е да има промена.
Ако ХРС која овие одлуки ги носи заедно со локалните градски власти, сепак, реши да ја пушти Македонија во ждрепката, тогаш шансите да играме во Хрватска на СП се 50%, а 25% е тоа да биде Загреб. Но, 50% шанси се да играме во Данска или Норвешка, што е сценарио од лошо - полошо од секаков аспект гледано и за репрезентацијата и за фановите.
Поврзани вести