Раде Стојановиќ го менува Зорман

Ракометната грозница се сели од држава во држава и од град во град, а во Словенија следната сезона ќе ja чепне и Љубљана, словенечкиот центар за женски ракомет ќе добие и конкурентен машки тим. 
Засега се зборува дека хрватскиот пивот Илија Брозовиќ доаѓа таму, а на клупата ќе биде Урош Зорман. 

Урош Зорман вчера заедно со својот тренерски тим и шест играчи добија врамени дресови на последниот меч на домашен терен се просторија со фановите на екипата на Тримо Требње. 
До крајот на сезоната и во трката за шампионската трка меѓу Горење и Тримо ќе решава последното коло, а тогаш Горење ќе игра со Јерузалем, а Тримо на гости си Рибница. 

Тримо Требње, екипа за која настпауваше и видно напредуваше во кариерата македонскиот пикер Милан Лазаревски допрва ќе се екипира.
Според инфомрациите на ракометниот портал G-SPORT.MK нов тренер на Тримо треба да биде македонскиот тренер и селектор на јуниорската репрезентација Раде Стојановиќ
Работа во Словенија нема да биде непознато за Стојановиќ, тој најуспешниот дел од кариерата како играч и го мина таму, цели девет години играше таму. Почна токму во Тримо Требње, а потоа играше и за Голд Клуб Козина и за екипата на Горење. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk