Барса доби засилување пред Ф4 Келн

фото: TV Turnir Doboj

Словенецот Домен Макуц требаше да игра важна улога во Барса сезонава, откако каталонците го ослободија Лука Циндриќ, но судбината имаше поинакви планови за него.
На подготвителниот турнир во Добој, Домен Макуц на дуелот со Војводина, се повреди и паузираше цели девет месеци. 

Но, Словенецот се враќа во игра во најкритичниот момент за Барса, пред Фајналфот турнирот во Келн, во момент кога и другиот централен бек, Пол Ровира е повреден. 

Домен Макуц веќе почнал да тренира со првиот тим  и наскоро ќе го видиме на терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk