Јосип Периќ се сели во Атина

Јосип Периќ дојде во македонскиот ракомет преку Е. Пелистер со бундеслигашко педигре што требаше да го оправда и потврди пред битолската ракометна јавност. 
Остави добар впечаток, иако Пелистер не успеа да стане првак додека тој играше во зелено-бело. Потоа како дел од пакетот што се пресли во Татабања замина во Унгарија. 

По две години минати во Унгарија, Периќ одново ќе игра за Жељко Бабиќ, овој пат во екипата на Олимпијакос Атина, финалист на ЕХФ Куп сезонава. 
Бабиќ веќе го договори и Предраг Вејин од Нексе, а во комбинација се уште неколку имиња со кои би требало следната сезона да биде уште поконкурентен во Европа, во повиоката ЕХФ Европска лига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk