Маџовски црно-бел следната сезона?

Македонскиот интернационалец Бојан Маџовски, следната сезона е најавен како ракометар на белградски Партизан. 
Белградскиот клуб прави тим што посериозно ќе и конкурира на Војводина, која сезонава испраќа неколку играчи во странство. Еден од нив ќе пристигне и во Охрид (пикерот Живан Пешиќ). 

Партизан прави мини офанзива на трансфер пазарот, па иако уште нема потврдени трансфери се очекува да потпишат десниот бек Никола Црноглавац, десно крило Марко Васиќ, пивот Немања Ратковиќ, а со Војводина се тркаат за потпис на левиот бек на Металопластика Милан Јовановиќ.
Во целатата оваа приказна позицијатра лево крило треба да ја покрие Бојан Маџовски, а централната бековска, Словенецот Миха Котар. 

Бојан Маџовски (29) во кариерата главно играше за Металург и Пелистер, а минатата сезона од Битола се пресели во Ловќен, но таму е турбулентно и како дел од промените и Маџовски замина од тимот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk