Тиквеш храбро, но Е.Пелистер оди во финале

Е.ПЕЛИСТЕР - ГРК ТИКВЕШ  33-29 (16-13)

фото: РФМ

Битолскиот Е. Пелистер, ќе игра во финалето на Куп на Македонија, откако вечерва, не без мака успеа да го елиминира дебитантот ГРК Тиквеш. 
Во недела, битолчани ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.
Кавадарчани денеска оставија добар впечаток, иако Пелистер го диктираше резултатот и темпото во текот на целиот меч.
Водеа гол-два битолчани од почетокот, беше 4-3, 7-5, 10-7, но кавадарачни рековме си ја играа мирно својата игра и успеаја да стгинат до 11-11. 
Играта на битолчани, пак, го изреволтира нивниот тренер, Бранислав Ангеловски, па тој во рамки на три минути (19 и 22 мин) побара два тајм аути, а во вториот - ги отера сите свои играчи од прв до последен во три пи..е ма....не. 
По ова до крајот на полувремето, битолчани стигнаа со плус три (16-13). 

Во вториот дел разликата во добар дел од мечот беше плус три гола, но исто како и првиот де, кавадарчни стигнаа до егал (20-20). Веднаш следеше серија од 4-0 за битолскиот тим и водство од 24-20. 

Потоа беше полесно, иако кавадарачни имаа шанса да фатат нов приклучок, не ја искористија и на крајот беше 33-29. 

Богдан Радивојевиќ со 10 гола најефикасен на мечот, Страхиња Симиќ и Срѓан Мијатовиќ постигнаа по пет за кавадарчани. 

„Секогаш кога играчите се враќаат од репрезентациите имаме вакви проблеми. Имавме само еден тренинг, не бевме прави. Треба да се одмориме и психолошки да се рестартираме“, изјави тренерот на Е. Пелистер Бранислав Ангеловски по натпреварот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk