-
16.05.2024
-
Вести, Трансфери
Унгарскиот тим Татабања, годинава под водство на поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ, го освои третото место во првенството на Унгарија, веднаш зад двата неприкосновени тима, екипите на Веспрем и ПИК Сегед.
Татабања, следната сезона со изменет состав (доаѓа на пр. Н'Танзи од ПСЖ) ќе настапува во ЕХЕ Европската лига и ќе биде директно пласирана во групната фаза.
Оваа унгарска екипа во која во еден момент, пред две сезони, во „пакет“; дојдоа неколку играчи на Е. Пелистер следната сезона ќе има нов тренер.
Како што дознава ракометниот портал G-SPORT.MK, соработката меѓу клубот и Драган Ѓукиќ нема да продолжи и покрај тоа што полусезоната во која ја водеше екипата, го „згасна пожарот“ и резултатски ги исполни „побарувањата“ од клубот и фановите, а има активен договор на две сезони.
Со крајот на сезоната најверојатно ќе заврши нивната втора соработа, откако ги водеше и во сезоната 2021/2022. Во исклучиво богатото резиме на српскиот стратег, ова беше јубилејниот 25 пат да води клуб или репрезентација.
Покрај тренерската кариера, во меѓувреме Драган Ѓукиќ стана и еден од најценетите ЕХФ Лектори или предавачи. Летово ќе предава и на тренерскиот семинар што ќе го организира Здружението на ракометните тренери на Македонија во јуни во Охрид.
Поврзани вести