Пропадна трансферот на Куни Моралес

foto: rkvardar.mk

Поранешниот ракометар на Вардар 1961, Кубанецот Куни Моралес нема да биде дел од екипата на Татабања како што беше најавено и потврдено. 
Кубанецот имаше постигнато договор со унгарската екипа, но се повреди на натпревар од Лигата на шампионите играјќи во Загреб. 
Рехабилитацијата оди побавно отколку што се предвидуваше. Моралес беше на прегледи во Унгарија и не ги мина, па неговиот менаџер е веќе информиран дека најавениот трансфер во Татабања нема да се реализира. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk