РФМ ги промени термините, Вардар и Алкалоид во петок

РФМ денеска ги промени термините за одигрувањето на полуфиналниот дуел меѓу екипите на Вардар 1961 и Алкалоид.
Двата скопски тима одговорија на реакциите од Битола и се согласија да играат за промена на термините.
РФМ потврди дека термините се променети:

Известување Куп на Македонија 2024
Почитувани,
Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставени дописите од страна на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на РК Е. Пелистер. Допис за промена на терминот има доставено и од ГРК Тиквеш 2014.

Термини за одигрување на полуфиналните натпревари во рамки на ракометниот Куп на Македонија 2024: 

Натпревар : РК Еурофарм Пелистер - ГРК Тиквеш 2014
Ден и час : четврток (16.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.

Натпревар : РК Вардар 1961 - РК Алкалоид 
Ден и час : петок (17.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.

Финален натпревар : Недела (19.05.2024 г.) со почеток во 19.00 часот.

Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради вон терен, нека победи подобриот 
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk