Томовски претставен во Потсдам

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски следната сезона ќе стои на голот на бундеслигашката екипа Потсдам. 
Овој тим на три кола до крајот на Втората Бунделига има обезбедено пласман во елитата следната сезона. Но, тоа што е поважно за оваа екипа е дека е конструирана и водена од Боб Ханинг, човек познат како алфа и омега во германскиот ракомет, исто како што е познат по стилов во кој доминираат шарени сакоа, елеци и јакни кои се негов заштитен знак. 

foto: RFM

Боб Ханинг е тренер на Потсдам, кој во три сезони од третата лига го доведе до елитата. Тој истовремено е менаџер на Фуксе Берлин и следната сезона тренерското место во Потсдам ќе му го отстапи на селекторот на кадетите на Германија, Емир Куртагиќ. Но, ќе остана како спортски директор во клубот. 
Идејата на Хенинг беше Потсдам да биде развоен центар за германски репрезентативци. Дури отворено бараше од бундеслигашите да му ги испратат таму потенцијалните репрезентативци кои не можат да се изборат за минутажа во силната конкуренција во Бундеслигата. 
Таа идеја не мина, но додека е Хенинг на чело на Потсдам, оваа екипа ќе има потенцијал и иднина и изборот на Мартин Томовски е одличен, затоа што овој клуб нема намера да биде епизода во Бунделигата. 

Мартин Томовски има бундеслигашко исксуство од Лудвигсхафен и сѐ му е познато. Доаѓа на местото на 21 годишниот Ласе Лудвиг кој оди во Фуксе Берлин. 

„Со нетрпение очекувам да заиграм за Постдам и по втор пат во најсилната лига во светот. Поискусен, постар и подобар од првиот пат во Германија. Задоволство е да се биде дел од Постдам, тим составен од млади и квалитетни ракометари. Можам да ветам дека ќе дадам сè од себе да ги оствариме сите амбиции и цели заедно со тимот“, изјави Томовски за клупскиот сајт.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk