Историјата се повторува: 2008 vs 2024

„Немојте да не ословувате како 'каубои', ниту еден играч од оваа репрезентација не играл во тој тим“. Ова го побараа репрезентативците на Хрватска пред Европското првенство во Германија во јануари годинава. По почетните прашалници, стана и логично и прифатливо нивното барање. Меѓуредови, хрватските репрезентативци што сега играат во тимот, едноставно не сакаат резултатите на нивните претходници да бидат нивна вредност и товар што ќе го носат. Сосема фер. 

Хрватска и Франција се двата тима кои имаат таква пракса на одредени ракометни генерации да им даваат прекари. Французите ја почнаа таа пракса во 1992 година кога освоија бронза на ОИ Барселона и станаа „ Les Bronzés“. Алудирајќи и на медалот, но и на клутниот француски филм комедија, со исто име. Ова ја зголеми популарноста и традиција беше воспоставена. Во моментов се „заглавени“ со прекарот „експерти“ и веројатно чекаат да се повлечат двете легенди, Никола и Лука Карбатиќ па да објават смена на генерацијата и прекарот. 

Прекари имаат и други тимови, но не со традиција да се менуваат генерациски. Така на пример Србите се „орли“, Црногорците „лавови“, БиХ се „змајеви“, а репрезентацијата која овде традиционално се нарекува црвена фурија, односно Шпанија си има свое име. Тие се „Хиспанос“. 

Македонија нема прекар, но е на една таква генерациска раскрсница. Тимот што сега обезбеди пласман на СП, веќе ја комплетираше смената на генерации и ќе ја апострофираме изјавата на селекторот, дека ова е нивни прв пласман на СП обезбеден без помош од нивните претходници.

Дали македонскиот тим треба да има свој прекар со кој ќе ја запечати својата посебност и ќе излезе од сенката на своите претходници кои од 2009 до 2022 беа генерација што направи засега најголеми успеси? Ако сметате дека нивото на спортска култура кај нас е на доволно високо ниво и дека при првиот пораз прекарот нема да биде злупотребен и искористен за презир и подбив, тогаш одговорот би требало да биде - да. 

Факт што не може да се избегне, е дека сега имаме нова генерација која сама тргнува по својот пат. А патот на новата генерација има многу сличности со нивните претходници. Впрочем, уверете се и самите. Зборуваме за почетокот на “таа“ генерација и почетокот на оваа. 

Македонија во 2008 играше бараж  за СП со далечен остров со скандинавски идентитет - Исланд. 
Македонија во 2024 играше бараж за СП со далечен остров со скандинавски идентитет - Ф. Острови.

Во 2008 година беше прекината лоша традиција на 10 годишно неиграње на големата сцена.
Во 2024 беше спасена традиција што трае 10+ години на играње на големата сцена. 

Во 2008 Македонија играше бараж за пласман на СП Хрватска.
Во 2024 Македонија играше бараж за пласман на СП Хрватска. 

Во 2008 резултатот во Скопје беше 34-26 за Македонија.
Во 2024 резултатот во Скопје беше 34-26 за Македонија. 

Во 2008 браневме победа од осум гола.
Во 2024 бркавме победа од осум гола. 

Во 2009 година на СП Хрватска, настапот на Македонија беше успешен и беше стартер за голема популарност на ракометниот тим. 
Историјата ја има таа пракса одвреме навреме да се повторува. Нека биде така и во 2025 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk