Шампионски пехар за Мулти Есенс

Екипата на Мулти Есенс е промовирана во нов првак во младинска конкуренција. На едно коло до крајот од 23 одиграни натпревари Мулти Есенс има 100 процентно остварување, има 23 победи и математички уште пред две кола, а во пракса одамна беше недостижна за ривалите. Т. Пролет и Младост 1977 Богданци сѐ уште се во трка за второто место, Алкалоид и Голден Арт се борат за четвртото. 
 
Вечерва во „Автокоманда“ Мулти Есенс со 10 гола разлика го совлада Е. Пелистер 2 и се поздрави со домашната публика. Последниот меч, новиот првак ќе го одигра во петок во Охрид. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk