Виран Морос се „поздрави“ со Швајцарците

foto: Pfadi Winterthur

Не му даде мир Шпанија зимава, а можеби и му ја продолжи кариерата. Виран Морос на 40 годишна возраст среде јануари мораше да ги соблече топлите папучи и да отпатува во Германија за да ја спасува својата репрезентација на ЕП по фијаското од Хрватска во првото коло.
По ова Морос место во заслужена пензија, мораше одново да се бори на линијата со десетина години помладите српски пивоти и бекови и помогне Шпанија да оди на следното СП.

Ден по баражот, Виран Морос, еден од најдобрите дефанзивци минативе 10-15 години, објави дека нема да ја продолжи соработката со швајцарскиот тим Фади Винтертур каде што играше последните две сезони. Шпанецот им се заблагодари на сите што ги видел и запознал во Швајацрија, но не одговори на најважното прашање. 
Дали има друг клуб или ја завршува кариерата. 
ОИ Париз се блиску, па можеби оној јануарски повик на Жорди Рибера ќе ги турка домината едно по друго се до Олимпијадата. 

Поврзани вести