Црна Гора, Србија и БиХ побараа вајлд карта за СП

Foto: RS BiH

Едно слободно место има на СП 2025, а тоа ќе го добие репрезентацијата за која ќе се одлучи ИХФ. 

Засега три репрезентации официјално побараа вајлд карта за учество на следното светско првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. 
Тоа се балканските екипи, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, но не само што не е исклучено, туку е мошне веројатно и други репрезентации да се вклучат во оваа трка. И тоа не само во Европа. 

Според информациите до кои дојде ракометниот портал G-SPORT.MK  за добивање на вајлд карта за СП 2025 главен критериум ќе биде проект за развој на ракометот.
Федерацијата која ќе биде спремна да инвестира и ќе даде најдобар проект за развој на ракометот ќе ја одведе својата репрезентација на СП со специјалната покана. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk