Вујовиќ во Динамо Букурешт

Комплетираната е приказната за која пишувавме неколкупати во пресрет на дуелот меѓу Македонија и Ф. Острови, а во која десниот бек на Фараните, Вилхелм Поулсен потпиша за германскиот тим Хановер.

На позицијата десен бек во Хановер играше црногорскиот репрезентативец Бранко Вујовиќ, поранешен член на Келце. Бранко Вујовиќ, иако имаше активен договор со Хановер до јуни 2025 побара од нив раскин. 
Германците не сакаа да прават случај од тоа и му го раскинаа договорот, патемо договарајќи се со Поулсен.

Сега се знае и точната причина зошто Бранко Вујовиќ побарал трансфер од Хановер. Неговиот следен клуб е Динамо Букурешт и таму доаѓа како второ засилување за следната сезона по Бразилецот од Барса, Ханиел Лангаро.
Динамо Букурешт на позицијата десен бек има тројца играчи во моментов. Александар Цениќ кој дојде од Барса, потоа натурализираниот Хавиер Хумет кој им врши голема работа во домашното првенство поради ограничувања на број на странци и третиот е Станислав Кашпарек, репрезентативецот на Чешка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk