РФМ: Благодарност до јавноста и честитки до репрезентациите

Не само пласманот, анулирањето на големите минус седум, туку и атмосферата вчера во „Борис Трајковски“ ќе бидат приказни кои уште долго ќе се прераскажуваат. 
Полната сала, пеколниот амбиент, големата борба и на крајот пласманот на СП не остави никого рамнодушен. 
Ракометната федерација на Македонија, денеска посебно им се заблагоди на фановите за поддршката. Во славеничката атмосфера, не беа заборавени ниту постигнувањата на другите репрезентации. 

Почитувани ракометни пријатели,

Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа подршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки.
Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

1. ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Women’s EHF EURO 2024 (AUT/HUN/SUI)
28.11.2024-15.12.2024


2. МАШКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF Men’s World Championship 2025 (CRO/DEN/NOR)
14.01.2025 - 02.02.2025


3. ЖЕНСКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF WOMEN’S JUNIOR WORLD CHAMPIONSHIP 2024 (MKD) 19.06.2024-30.06.2024

4. МАШКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 20 EHF EURO 2024 (SLO)
10.07.2024- 21.07.2024


5. МАШКА КАДЕТСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 18 EHF EURO 2024 (MNE)
07.08.2024- 18.08.2024


Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции !
Вие сте наша гордост !!!
Со почит ,
Ракометна Федерација на Македонија
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk