Митревски: Енергијата од публиката нѐ носи на СП

Нема да погрешиме ако апострофираме дека на самиот почеток на натпреварот двете одбрани на Никола Митревски ја еруптираа салата, ја кренаа самодовербата, дадоа ритам на мечот и  го турнаа напред „возот“ . Пресечениот напад на Фараните со кој беше пресечен нивниот обид за враќање резултатски во еден незгоден период од мечот исто така дадоа насока во која сакавме да продолжи натпреварот. 
Ова се само секвенци од настапот на Митревски на вчерашниот меч на кој Македонија пред полна сала успеа да анулира негатива од седум гола и да направи еден од најголемите репрезентативни пресврти во ваквите еден на еден дуели со противници на кои влогот бил голем. 

„Во ниту еден момент не се посомневав, бев уште поубеден во пласман на СП и кога загубивме во Фарските Острови. Им кажав на момците во авионот за назад кон Скопје дека толку лошо нема да одиграме, ниту пак дека тие толку добро ќе одиграат. Се покажа како точно. Имавме некои ситни грешки, можеше мечот да заврши над десет гола разлика, но на крајот е важен конечниот исход, а тоа е дека Македонија оди на Светско првенство. 
Секогаш е вака кога играме бараж за СП, салата е вака исполнета. Тој еден гол што го постигнавме повеќе е заслуга на публиката. Не носеа сите 60 минути и кога имавме добри моменти и кога имавме лоши моменти, секогаш ни беа ветер во грб. Заедно сите кои што бевме присутни во салата успеавме да избориме пласман на Светското првенство“, изјави Митревски. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk