Екипата на Алкалоид е новиот пионерски шампион на Македонија. Алкалоид беше најдобриот тим на Фајнал фор турнирот што се организираше во Охрид.
Во полуфиналето Алкалоид беше убедлив на дуелот со екипата на Аеродром 26-11, додека домашниот Охрид во драматичен меч, на пенали ја совлада екипата на Струга.
во финалето, Алкалоид го совлада Охрид со 22-19 и беше крунисан во нов првак.
Ова е втор младински пехар за Алкалоид кој е доминантен сезонава во младинските категории. Претходно, Мулти Есенс во младинска конкуренција стана првак, а кај кадетите, Алкалоид е на Ф4, додека Мулти Есенс ќе игра бараж за пласман на Ф4.