Митев: Знаевме дека можеме, благодарност до сите

фото RFM

Македонија има нова ракометна ѕвезда. Младиот Марко Митев од натпревар во натпревар се докажува, а покрај неговото име се редат епитети и комплименти по секој меч. 
Баражот со Фарски не само што не беше исклучок, туку беше уште една потврда дека имаме уште еден играч на кого може да се гради играта на новата репрезентација...

„Неизмерно сме среќни. Загубивме на нивни терен убедливо, но знаевме дека можеме да играме многу подобро од она што го покажавме таму. Гордост е да се игра за Македонија, пред оваа публика и среќни сме што сега сите заедно можеме да се радуваме. Знаевме дека можеме до плус осум, дека онаа негатива не е недостижна, но дека ќе мораме да одиграме максимално од првата до последната минута. Исполнивме се што ни беше дадено како задача, одигравме меч без осцилации и заслужено се пласиравме на ново Светско првенство“, изјави Марко Митев.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk