Лазаров: Имаме лош менталитет, но имаме и големо срце!

Македонија оди на СП уште еднаш. Беше тешко, беа во голем минус, но успеаја да се вратат во игра и да победат со поголема разлика и да се пласираат на мундијалот. 
По мечот селекторот Лазаров изјави: 

„Да се заблагодарам на сите што веруваа во нас. Благодарам на публиката што дојде и покрај лошиот резултат. Го одигравме најдобриот натпревар, ја одржавме контролата, без судиска поддршка, против сериозната репрезентација на Фарски острови.
Со потценување беа дочекани Фарски, а мојата изјава дека се сериозен тим беше толкувана како алиби. Никогаш не сум барал алиби. Можам да загубам, но не барам алиби. 
Ова е голем резултат, прв пат обезбедуваме пласман на СП без играчи од претходната генерација. Друго е пласман на ЕП, таму е полесно, но ова е СП. Горд сум на моите момци. 
Имаме лош менталитет, додека не се сопнеме не знаеме да цениме. Имаме лош менталитет, но големо срце и тоа го покажавме. Ова се млади момци, 99% од домашно првенство. Нивните играат во Кил, Берлин... “

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk