Македонија оди на СП 2025!

МАКЕДОНИЈА - Ф. ОСТРОВИ 34-26 (19-15)
Скопје, сала „Борис Трајковски“. Судии: Ердоган и Оздениз од Турција. Делегат: Јанко Пожежник од Словенија
МАКЕДОНИЈА: Митревски 1, Томовски, Велковски, Карапалески, М. Митев 6, Талески, Маркоски , Ф. Кузмановски 7, Џонов 2, Костески 3, Пешевски 8, Јагуриновски , Аларов, Атанасијевиќ, Серафимов 5, Лазаревски 2
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 6 мин.
ФАРСКИ ОСТРОВИ: Јакобсен, Сачвел, Хојдал, Мортенсен 4, Микјалсон 1, Јохансен 1, Ав Тајгум 3, Поулсен 2, Микелсен 1, Крог, П. Митун 1, Е. Скипаготу 8, Дурхус, Р. Скипаготу, О. Митун 2, Расмусен 3
Седмерци:  5/5 Исклучувања: 4 мин.

Македонија оди на СП! Денеска во Скопје го анулиравме минусот од Фарски и да се пласиравме на СП! 
Вечерва се беше поинаку. Мотивиран тим со вистински пристап и резултатот не изостана. 

Никола Митревски добро го отвори мечот, а Македонија покажа поинаков пристап од оној меч на островите. Покомпактни бевме и во напад и одбрана. Со одбрана 5-1 против концептот 7 на 6 имавме резултат па и покрај промашени два чисти зицера, имавме водство од гол два. Потоа дојдоа подобрите минути и во 19 минута Македонија напаѓаше за плус четири, напад во кој Кузмановски погоди за 13-9.
Следеше цепелин за Марко Митев за 14-10, па Костески одигра одлична одбрана и Македонија имаше шанса да поведе и со пет гола разлика. Серафимов погоди за 15-10. Имавме и напад за плус шест, што заврши со пресечено додавање до пивот, по што Фарски намалија на 11-15. 
Резултатската клацкалка во првиот дел запре на 19-15 за Македонија. Повеќе од пола од предноста беше анулирана, Македонија изгледаше добро на теренот, но работата не беше завршена. 

Први напаѓавме и погодувавме на стартот на вториот дел, но погодуваа и тие преку нивната седум на шест. Имавме и уште еднаш напад за плус шест што Кузмановски не го искорсти од доста чиста ситуација. Имавме и поправен откако Тајгум промаши и Пешевски погоди за 23-17.

Никола Костески во 37 минута од пенал донсе водство од 24-17 за нова ерупција во салата. Потоа и Кузмановски упати бомба за 25-18. Имавме и напад за плус осум, но со играч помалку, не реализиравме.
По плус осум тргнавме и во 44 минута, откако Митревски пресече контра на противникот.  Кузмановски погоди за 27-19, а потоа одново Митревски одбрани и тргнавме по плус девет. 

Серафимов разбиваше од дистанца и со голот број четири ни донесе плус девет!  Веднаш врати Тајгум за 20-28, а се играше 48 минута. 
Во 51 минута, Македонија водеше 30-21, но сѐ уште бевме во опасната зона. Во 56 минута напаѓавме при 31-23, а нападот полека почна да влегува во криза и не погодивме. Фарски беа прецизни и погодија за 31-24. Митев погоди за 32-24 и изнуди исклучување.
Потоа Тајгум промаши од тешка ситуација и Македонија тргна во напад на минута и пол до крајот. Пешевски погоди за плус девет. 
Македонија имаше плус осум и напад на 40 секунди до крајот. И погодивме и примивме гол до крајот за конечно со 34-26 и да се пласираме на СП. 






 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk