Тоскоски промовиран во тренер на Аполда

Минаа повеќе од 10 години откако македонскиот голман Игор Тоскоски реши да замине од Пелистер и среќата да ја побара во Германија.
Таму се скраси во екипата на Аполда, екипа што се натпреварува во пониските категории. Една деценија стоеше на голот на овој германски тим, за сезонва се почесто да биде во улога на тренер. 
Добро му одеше и во новата улога, клубот задоволен, играчите го почитуаваат и беше донесена одлука, Игор Тоскоски официјално, во следната сезона да биде тренер на овој тим. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk