Две измени во составот на Лазаров

фото: RFM

Решавачки меч за пласман на СП, меч што можеби ќе биде решавачки и за натамошниот изглед на машката сениорска репрезентација вечерва ќе се игра во Скопје. 

На мечот на кој Македонија треба да анулира седум гола негатива од дуелот со Фарски Острови, селекторот Кирил Лазаров смести двајца нови играчи во однос на претходниот меч.
Мартин Карапалески и Иван Џонов се во репрезентацијата, а надвор од 16-те останаа Дамјан Митев и Цветан Кузманоски. 

Натпреварот почнува во 19 часот, ќе се игра во салата „Борис Трајковски“, а на Македонија и е потребна голема поддршка од трибините за да го задржи континуитетот на настапи на СП што трае без прекин од 2013, а вкупно на големи натпреварувања, без прекин е од 2012 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk