Слета авион на Фарски, екипата вечерва во Скопје

фото: roysni

Репрезентацијата на Фарски острови вечерва ќе пристигне во Скопје. Денеска на аеродромот во Фарски, со аплауз беше пречекано слетувањето на авионот кој синоќа од Париз леташе за Фарски, но не се реши да слета поради густата магла и замина за норвешкиот Ставангер.
Тој авион беше последната надеж дека Фарски ќе успеат да полетаат. Нивната прва опција беше авионот од Копенхаген, но тој и натаму е на Исланд и неговиот лет за Фарски се води засега како откажан. 
Авионот што успеа да слета на Фарски ќе лета до Билунд, Данска, a а оттаму со директен лет ќе дојдат во Скопје. Пристигнувањето се очекува вечерва. 
 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk