Охрид потпиша со Живан Пешиќ

Охрид промовираше ново засилување за следната сезона. Српскиот репрезентативен пикер Живан Пешиќ како што веќе беше најавено, доаѓа во Охрид следната сезона и ќе го замени црногорскиот линиски напаѓач Пелидија, кому петмесечниот договор му истекува во јуни и нема да биде дел од плановите на „белите“ следната сезона. 

Пешиќ е проверен играч, има 30 години и висок е 1.96 м. Во богатата кариера има играно за екипите на Веспрем, Целје, Адемар Леон, Нексе, а последние два трансфера му се во Хапоел Ришон и оттаму во Војводина. Има зад себе и 10 годишен репрезентативен стаж. 

„Се чувствувам исклучително привилегиран поради повикот и можноста да учествувам во клупски проект како што е Охрид. Се надевам дека заедно во иднина ќе ги оствариме краткорочните и долгорочни цели на клубот.
Исто така, како играч ми претставува задоволство што ќе имам можност да работам со тренер со такво искуство и значење за ракометот во Македонија како што е Стевче Алушовски.
Моја лична цел е да му помогнам на клубот да оствари подобри резултати во однос на претходната сезона", изјави Пешиќ.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk