Словенија подобра од македонските јуниори на вториот меч

Јуниорската репрезентација на Македонија, по вчерашната победа од 30-25 над Словенија, денеска одново играше со истиот противник, но овој пат домашните беа поуспешни и запишаа победа од 29-24 (13-13). 
Епилог не би рекле неочекуван, затоа што поентата беше повеќе играчи да добијат поголема минутажа, особено на овој втор натпревар. Словенците го добија мечот во второто полувреме, делумно и на свежина, имајќи предвид дека тие играат на домашен терен и немаа зад себе долго патување. 
Селекторот Стојановиќ генерално е за доволен, одиграни се два добри натпревари во вистински период за задржување на формата и нивото. Треба да имаме предвид и дека селекторот ги немаше сите играчи на располагање, првенствено пикерот Валентин Карасманакис кој игра важна улога во тимот, а и крилото Александар Петковски кој се рехабилитира од повредата на коленото. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk