Фарски уште не полетале за Скопје

фото: roysni - Вака изгледа во моментов аеродромот Вагум на Фарски острови

Иако има уште цели 30 часа до натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови во Скопје, прелетуваат првите сомнежи дека мечот можеби и нема да се одигра. 
Репрезентацијата на Фарски острови сѐ уште не полетала за Скопје, а како што пишуваат нивните медиуми мали се шансите тоа да се случи во текот на денот.
Густата магла на аеродромот во Фарски острови е причината поради која авионот што треба да ги изнесе надвор од островите до Копенхаген не може да слета и чека инструкции на исландскиот аеродром Кефлавик. 
Тој авион вчера имаше обид да слета, но се откажа и замина за Исланд.
Денеска, патниците се веќе во авионот и чекаа зелено за полетување, но засега ништо. Уште повеќе еден најавен термин за полетување е веќе одложен. 
Порталите на Фарски пишуваат дека ветерот што доаѓа, пак, е познат како правец на маглата и очекуваат да биде и полошо отколку што е. 
Но, не се многу возбудени и веруваат дека ќе полетаат, а потоа или со чартер или со лет преку Виена ќе стигнат вечерва во Скопје. 
Контактирале и со ЕХФ и дознале дека алтернатива за одложување на натпреварот - нема. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk