Јуниорите отворија со победа, кадетите минимално поразени

ЈУНИОРИ:
СЛОВЕНИЈА - МАКЕДОНИЈА 25-30 (15-15)
Македонија: Брестовац, Галевски, Стојановски, Субашевски 2, Михајловиќ 4, Чрчев, Д. Узунчев 8, Глигоров, Белистојановски 7, Т. Узунчев 2, Димовски, Шулевски, Димковски 1, Атанасов, Стојановски, Калајџиески 5, Димевски

КАДЕТИ: 
СЛОВЕНИЈА - МАКЕДОНИЈА 26-25 (12-12)

Двете млади машки репрезентации на Македонија се на подготовки во Словенија каде што ќе одиграат контролни натпревари. 
Словенија беше првиот противник на нашите селекции. Јуниорскиот тим предводен од селекторот Раде Стојановиќ славеше победа од 30-25 над словенечките врсници. Изрмнета битка се водеше се до средината на вториот дел, а потоа Македонија со серија од 4-0, од 19-21, предина во водство од 23-21. Потоа беше 25-25 и последните пет гола завршија во мрежата на домаќините.

Кадетите имаа помалку среќа и минимално се поразени. Некомплетни, без Дамјан Митев и Самоил Ристевски, тимот на Наум Танески одигра одличен натпревар, но во финишот домашниот тим имаше повеќе среќа.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk