Фарски заглавија на аеродром

foto credit: Hondbóltssamband Føroya


И репрезентацијата на Фарските острови немаше подобра среќа од македонската кога е во прашање патувањето од Торшавн до Скопје. Им се искомплицира ситуацијата, уште повеќе што тие доаѓаат со редовна линија. 
Фараните денеска со лет од Торшаван преку Копенхаген и Виена да пристигнат во Скопје. 
Но, летот авионот што требаше да слета на Фарски од Копенхаген и потоа да ги врати назад, не успеа да слета. Поради густа магла авионот кружел неколкупати, а потоа се упатил кон Исланд.
Ракометарите се на аеродромот и чекаат комбинација или дефинитивно откажување на денешниот лет. Наводно имало шанса да стигнат веерва до Копенхаген, но таа опција е малку веројатна.
Како ќе се прегрупираат за да стигнат во Македонија ќе видиме утре, во зависност од временските услови. 
Реванш натпреварот е закажан задутре. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk