-
10.05.2024
-
Вести, Трансфери
ЧСМ Букурешт не се пласираше на Ф4 во Будимпешта и тоа го стави на тенок лед тренерот Ади Василе. Тој има договор до јуни 2025, но романскиот Проспорт вели дека со компензација од три плати (околу 30.000 евра вкупно) и платени уште три месеца доколку не најде ангажман за тоа време би требало да си замине на крајот на сезоната.
Паралелно со најавената смена на Ади Василе, се шпекулира и со потенцијално нов тренер на еден од двата најбогати клубови. Ништо ново во тоа „нов тренер“ затоа што прв кандидат е Пер Јохансон кој веќе двапати беше тренер на ЧСМ. Но, тој има договор со Ѓер, а ако годинава стане европски шампион, наводно ќе добие нов договор со месечна плата од 17.000 евра, а ЧСМ не е спремен да парира на таква понуда.
Управата на Веспрем стои цврсто на ставот дека не треба ништо да се менува на клупата додека не заврши првенството. Веспрем на домашна сцена оди по двојна титула и веројатно ќе ја освои, а тоа може да значи и останување на Момир Илиќ на клупата, без оглед на простестите и петициите на навивачите.
Но, патем се појавија шпекулации дека Веспрем разговарал и за враќање на Карлос Ортега (Барса и селектор на Јапонија), а и за можноста Хавиер Сабате од Висла, исто така да биде вратен назад.
Унгарскиот тим Чурго неофицијално е заинтересиран за ангажман на тренерот на Металопластика, Владан Матиќ.
Романската Стеауа веќе се договорила со тренерот на Ц. Звезда - Недељко Матиќ.
Поранешниот ракометар на Вардар, Алем Тоскиќ је одбил понудата на Динамо Панчево да биде нивни тренер следната сезона.
Грчкиот тим АЕК го продолжи договорот со францускиот тренер Фредерик Бужан за уште две сезони и тој ќе остане во Атина до 2026.
Поврзани вести