Словенија и Полска поразени дома

Mandatory photo Credit © IHF/ Kolektiff / Anze Malovrh

Денеска се играат натпревари од бараж квалификациите од кои за нас меѓудругото интересни се и мечевите на нашите идни противници во квалификациите. 
По џиновскиот пораз на Исланд (25-50) на Естонија, денеска на терен беа и Литванија и Словенија. 
Литванците без повредените Бабарскас и Тручановичиус беа рамноправни едно полувреме во Унгарија. Во вториот дел, новиот играч на Кил, Бенце Имре (фото) со 11/12 и ветеранот Анчин (8/9) се погрижија работите да си дојдат на свое место. 
Голем кикс направи Полска која на домашен терен е поразена од репрезентацијата на Словачка. Камил Шипжак (11/13) и Аркадиуш Морито се единствените што звучат познати во овој полски тим, а на спротивната страна крилото Јурај Братка со 11 гола ги водеше Словаците кон сензација.
Словенија загуби дома од Швајцарија и тоа покажува каква репрезентација сме победиле во јануари на ЕП и каков впечток успеавме да упропастиме за 60 минути на Островите.


РЕЗУЛТАТИ
Грција - Холандија  31-27 (13-21)
Романија - Чешка  31-30 (15-11)
Ф. Острови - Македонија 34-27 (18-14)
Шпанија - Србија 32-28 (15-14)
Исланд - Естонија  50-25 (26-12)
ДЕНЕСКА:
Грузија - Австрија  25-27 (13-15)
Литванија - Унгарија 26-33 (11-13)
Полска - Словачка  28-29 (15-16)
Словенија - Швајцарија  26-27 (15-12)
20:00  Италија - Црна Гора
20:30  Португалија - БиХ

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk