Сегед ги „такса“ Готфридсон и Буриќ

За доаѓањето на Јим Готфридсон во Сегед, помалку-повеќе е познато, со тоа што терминот за неговата преселба останува 2025 година. 
Новост за која дознава G-sport, што досега не е објавувана е доаѓањето во ПИК Сегед и на голманот на Флензбург, Бенјамин Буриќ. Не е официјално потврдено, но и тој во 2025 би требало да слета во Унгарија. 

Магнус Род, Тобијас Тулин, потоа Жереми Тото, исландскиот ас Смарасон и Швеѓанецот Богојевиќ би требало уште ова лето да го засилат унгарскиот вице-првак, заедно со тренерскиот тандем Апелгрин - Калман. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk