Шпанија направи „Куќа на славните“

Шпанија, односни нивнат АСОБАЛ ракометна организација формираше Куќа на славните во која се инаугирани првите членови. 
Вистински легенди зачекорија први преку прагот, а прв меѓу првите е Талант Душебаев. Вонсерискиот Совет (СССР), Киргистанец и на крајот Шпанец во својата кариера играше 253 натпревари во АСОБАЛ како ракометар на Тека и Сиудад Реал и постигна 1062 гола. Освојувач на злато од ОИ Барселона со (СССР односно Обединетиот тим), злато на СП со Русија 1993, потоа најдобар светски играч според ИХФ во 1994 и 1995, сребро на ЕП со Шпанија 1996 и 1998, бронза од ОИ 1996 со Шпанија...
Во овој избор се и судијата Рамон Гаљего и некогашниот селектор Хуан де Диос, голманот Омбрадос, најдобриот стрелец Гарсија, легендарната петка на Барса - Масип...

Првиот список на членови на АСОБАЛ Куќа на славните се:

Талант Душебаев
Хуанин Гарсија
Енрик Масип
Хуан де Диос Роман Секо
Рамон Гаљего
Хозе Омбрадос
Сесилио Алонсо
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk