Охрид врати охриѓанец во тимот

Македонските ракометари стануваат дефицитрани во домашниот шампионат па секој трансфер на домашен ракометар постепено ќе добива поголема тежина. 
Охрид денеска имаше со што да се пофали. Во нивните редови се враќа Наум Костов (23), крилен играч кој мина обука во екипата на Аеродром, еден од најдобрите мини центри за создавање на македонски ракометари. Аеродром не успеа годинава да се пререгистрира и го загуби суперлигашкиот статус, а Костов веднаш беше регрутиран од екипата на Куманово каде што продолжи да ги покажува своите голгетерски способности.
Покрај Наум Костов, нови играчи во Охрид ќе бидат повратниците во македонскиот шампиониот,  левиот бек Дејан Кукуловски, голманот Градимир Чаневски и српскиот пивот Живан Пешиќ.

„Со задоволство го прифатив повикот од тренерот и управата да бидам дел од клубот. Охрид е мој матичен клуб, каде започнав да играм ракомет и ги поминав сите младински категории, па така знам какво задоволство претставува да се игра пред домашната публика и Рибари. Се надевам на добра и успешна сезона, изјави Костов.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk