Лазаров со 21 играч ќе лета на Фарски

Се ближи денот на првата пресметка меѓу репрезентациите на Фарски острови и Македонија во бараж за пласман на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка во јануари 2025.
Првиот меч ќе се игра во Торшавн на 8 мај, реваншот е на 12 мај во Скопје, во салата „Борис Трајковски“. 

Македонската експедиција утре заминува на едно од најдолгите можни европски гостувања (единствено Исланд е подалеку). Торшавн е далеку околу 3000 км воздушна линија и летот трае околу 8-9 часа со едно слетување поради гориво. 
Конекциите се комплицирани, а времето е кратко, па Македонија ќе патува во чартер до саканата дестинација. Тоа од друга страна за селекторот Кирил Лазаров носи една мала привилегија, па нема да мора да го крати списокот и дел од екипата да остане во Скопје, туку сите 21 ракометар ќе бидат дел од тимот и во Торшавн и во Скопје. Јасно, на ден на натпревар петмина ќе мора да отпаднат, но ќе останат до последен момент сите во комбинација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk