Флеш вести: Повлечен дресот на Аморим, трансфери...

фото: Gyotietokc

Унгарскиот првак Ѓер се пласираше на Фајналфор турнирот во Будимпешта елиминирајќи го во 1/4 финалето актуелниот европски првак Кристијансанд. 
Во рамки на победничката вечер, од употреба во клубот беше повлечен дресот со бројот 18 што го носеше Едуарда Аморим Талеска. Поранешната ракометарка на Кометал Ѓ. П. и сегашен член на стручниот тим на македонската женска сениорска репрезентација ја доби најголемата чест и место меѓу легендите на најуспешниот унгарски тим. 

Една од легендите на шведскиот ракомет, голманот Јохан Сјостранд (37), објави крај на кариерата. Сјостранд во кариерата има освоено Лига на шампиони, има сребро од Олимписки игри и неколку шампионски титули во Германија, Шпанија и Данска. Сезонава бранеше за Бјерингбро Силкеборг, но поради повреда ги пропушти дуелите со македонскиот Алкалоид во првата групна фаза.

Голманот на репрезентацијата на Фарски острови, Александар Лацок, потпиша за шведската екипа Луги. Во овој шведски тим веќе има еден голман од Фарски, тоа е Оскар Арнел, па Луги следната сезона во која ќе игра еден ранг подолу од елитата, ќе има дуо голмани од Фарски. 

Загреб прилично лесно го совлада Нексе во последното коло од најсилната лига на Хрватска (24-18). Нексе, благодарение на киксот на Сесвете со Вараждин го освои второто место. Хрватска има посебен систем на натпреварување, па за шампион ќе биде прогласена екипата која прва ќе освои шест бода во меѓусебните дуели меѓу прво и второпласираниот тим во Плејоф. 
Со оглед на тоа дека Загреб двапати во Плејоф го совлада тимот на Нексе, веќе има четири бода од меѓусебните дуели и му е потребна само уште една победа за да ја одбрани титулата. 

Двајцата поранешни ракометари на Е. Пелистер, Рение Табоада и Себастијан Хенеберг постигнаа по седум гола и беа најдобрите стрелци на Фредериција во нивната епска победа од 34-24 над ГОГ со која го исфрлија од игра за Европа актуелниот првак на Данска. 
Фредериција, заедно со екипите на Скјерн, Рибе Есбјерг и Алборг ја продолжува трката за шампионската титула и распределбата на местата за Европа. 

Данскиот тренер Кристијан Далмосе, денеска ја издаде својата автобиографска книга во која опишува и случки од ракометните терени, а меѓудрогото објаснува и како тоа еднаш во 2003 година на некое европско гостување со неговиот Икаст, (нормално на исток), по грешка место кај својот тим влегол во соблекувалната на судиите и во тој момент затекол претставник на гостинскиот тим, судиите, делегатот и купче пари на маса. Наводно не го испроцесирал сето тоа добро во моментот, се извинил и излегол, а подоцна сфатил за што станува збор, но не пријавил никаде. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk