Гидсел сруши 23 годишен рекорд во Бундеслигата

foto: IHF

Данскиот десен бек Матијас Гидсел се израмни со Кореецот Кјун Шин Јон по бројот на постигнати голови од игра во една сезона.
Гидсел стигна до бројката од 248 гола колку што имаше легендарниот Кореец пред 23 години, а има и уште три кола до крајот за да биде сингл најдобар стрелец од игра во една бундеслигашка сезона.
Гидсел во моментов е и најдобар стрелец во Бундеслигата, вкупно, со еден гол повеќе од Швајцарецот Мануел Зендер, кој сепак, има дури 81 гол од пенал. Гидсел - нема ниту еден. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk