Келце и натаму е во нокдаун

Foto: Wisla Plock

Тешко оди рехабилитацијата во Келце по поразот од Магдебург во 1/4 финалето на Лигата на шампионите. Момците на Душебаев и од наш агол гледано неправедно беа елиминирани од актуелниот еворопски шампион, барем што се однесува до последната акција на натпреварот, но од друга страна имаа одново сѐ во свои раце и прокоцкаа. 

Многу брзо по тоа емотивно празнење дојде дуелот од финалето на Купот на Полска во кое Келце се сретна со вечниот ривал Висла Плоцк.
Среќа за Душебаев и за целиот Келце е што ова не беше меч за титула, туку за Куп пехар, затоа што нокаутираниот Киелце не можеше да застане на нозе. 
Висла веројатно најлесно во последните 10+ години го добива дуелот со Келце. Конечниот резултат е 29-20, со тоа што Висла ваква предност имаше во поголемиот дел од второто полувреме.  

Ова е пехар број 13 за Висла во Куп на Полска, трет што го освојува по ред. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk