Скипаготу (не)спремен ќе игра против Македонија

foto: THW Kiel

Најдобриот играч на Фарски острови, Елијас Елефсен а Скипаготу денеска повторно беше на терен по околу две недели пауза од последниот настап.
Скипаготу се повреди на дуелот со Фуксе Берлин откако директно се судри со колено со пикерот Макс Дарј од Шведска. По ова, иако повредата не беше етикетирана како сериозна, Скипаготу не играше на 1/4 финалните натпревари од Лигата на шампионите со Монпеље. Патуваше во Франција, а беше во ростерот и за легендарниот реванш, иако не влезе на терен. 
Денеска, Кил играше првенствен меч со Вецлар на гости. Скипаготу влезе во игра во првиот дел, одигра 15-тина минути и постигна два погодока, со шут од место. Ако се посвети внимание, има трага од повредата, не се движи толку лесно, но кадарен е да игра и да поднесе оптоварување. 
Нема дилеми околу неговиот настап против Македонија. Тој не се врќа за Кил, туку вечерва лета за Торшавн и утре ќе биде на располагање на репрезентацијата. Сосема сигурно ќе биде и на терен на 8 мај. Прашањето е колку е подготвен за тој дуел. Максимално најверојатно не е, но сигурно ќе биде играчот број еден на фарскиот тим. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk