Ф4 Будимпешта без шампионот, без ЧСМ Букурешт...

foto: CSM Bucuresti

Уште едно разочарување сервираше најскапиот тим од најскапата лига. ЧСМ Букурешт на двата полуфинални натпревари од 1/4 финалето на Лигата на шампионите, без многу драма загуби од францускиот Мец (24-27, 23-29) и нема да го види Ф4 годинава.
Слично важи за ФТЦ од Унгарија кој, сепак, е далеку поскромен со буџетот, а Европа ќе има и нов шампион затоа што норвешкиот Кристијансанд е елиминиран во два меча од унгарскиот Ѓер. 

На Фајналфор турнирот во Будимпешта се пласираа следниве екипи:
Ѓер од Унгарија (подобар од Кристијансанд)
Мец од Франција (подобар од ЧСМ Букурешт)
Битенхајм од Германија (подобар од Одензе)
Есбјерг од Данска (подобар од ФТЦ)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk