Протести против Илиќ во Веспрем!

foto: Telekom Veszprem

Загрижени поради можноста да му биде понуден нов договор на актуелниот тренер Момир Илиќ и на неговиот асистент Петер Гулјаш, фановите на Веспрем ќе организираат протест за да спречат ваков акт.

„Познато на сите, дека и покрај неуспехот, клупскиот менамџмент, попрецизно Золтан Цик, би сакал да го продолжни договорот со Момир Илиќ/Петер Гулјаш. Таа одлука е неприфатлива за нас фановите. Во последните три години, освен на неколку натпревари сме сведоци на постојан пад на играта на нашиот тим и ќе продолжиме да тонеме со продолжување на договорот. Покрај фактот што подобрување на играта не се очекува, клучните играчи ќе почнат да си заминуваат ако оваа одлука стане официјална. 
Затоа мораме да реагираме....“, се вели во соопштението на фановите што го пренесе и официјалната веб страна на клубот. 
На 7 мај ќе биде организиран протестот пред салата и ќе биде потпишана петиција за прекин на соработката со Момир Илиќ и Петер Гулјаш. 

Момир Илиќ трета сезона е на чело на Веспрем, а клубот во последните две не успеа да се пласира на Фајналфор турнирот во Келн. Прво Келце, а годинава и Алборг беа подобри од Веспрем во 1/4 финалето. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk