Хановер купуваше на Фарски Острови

photo credit: Swer Egholm/Roysni

Цената на репрезентацијата на Фарски острови порасна денеска, откако уште еден нивни репрезентативец потпиша за клуб од најсилната лига во светот - Бундеслигата.
Вилхелм Поулсен (24) десниот бек на Фарски острови, досега неправедно потценет и во сенка на Скипаготу и Митун, потпиша за екипата на Хановер. 
Поулсен го привлече и нашето внимание гледајќи ги Фарски острови на ЕП во Берлин и очекувавме негов трансфер со оглед на тоа дека игра за екипата на Лемвиг од Данска, екипа која испадна од најсилната лига сезонава. 
Прите шпекулации околу негов трансфер беа за премин во Флензбург, но очигледно, не се договорија Германците и Данците. Сега, потврдено, Поулсен има нов клуб во Бундеслигата, а тоа е Хановер.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk