Илиќ тренер на Веспрем до јуни, потоа...

foto: Telekom Veszprem

Српскиот тренер Момир Илиќ останува на клупата на Веспрем до крајот на сезоната во која унгарскиот тим има две крупни задачи. Да ја одбрани шампионската титула и да го освои Куп на Унгарија. 
Потоа, договорот на Момир Илиќ истекува, а сигналите од Веспрем се дека нема да биде продолжен, иако клубот официјално не зборува на таа тема, а Илиќ изјави дека судбината е во нивни раце.  
Во скапиот унгарски проект логично се разочарани затоа што клубот втора сезона по ред не успева да се пласира на Фајналфор. 
Миннатата година во 1/4 финалето беа елиминирани од Келце, потоа направија уште посилен тим, но сезонава Алборг беше подобар противник во решавачката битка за Фајналфор. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk