Хамбург не доби бундес лиценца!

„Си ја напишавме домашната, ги имаме сите потребни документи, Бундес лигата ги доби навреме сите документи и гаранции“, изјави неодамна директорот на Хамбург, Себастијан Фрецке. По тоа, веста дека Хамбург е во опасност да не добие лиценца, веќе не беше вест. 
Но, денеска, комисијата за лиценцирање во Бундеслигата не му даде лиценца за настап на Хамбург за следната сезона затоа што не обезбедил докази за сигурност во нивното финансиско работење. 
Хамбург има право да се жали, а ако не успее да обезбеди гаранции потребни за играње во Бундеслигата, тогаш нема да има право на настап следната сезона.
Тоа е расплетот што го чека тимот на Бергишер кој би се спасил од испаѓање. 

Ако не знаевте: ХСВ Хамбург во 2013 беше европски шампион, а во 2016 година не му беше дадена лиценца и клубот беше преселен во 4. Лига. Потоа од 2017 почна враќањето со нова управа и во 2021 одново беа Бундеслигаши. Во моментов, на табелата се осмото место, далеку од зоната за испаѓање. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk